Deutsch | Македонски

Интернационална комуникација

„Да се разбира еден јазик целосно значи,
целосно да се познава народот кој што го зборува тој јазик.“

Georg Christoph Lichtenberg



Јазикот е клучот кон успехот. Поминати се времињата во кои што можело да се седне на преговарачката маса без да се внимава на културните особености на соговорникот. Негуван јазик претставува не само облека на нашите мисли туку честопати е пресуден за резултатот од преговорите. Ние ги зборуваме јазиците кои Вам Ви се потребни на патот кон Вашата цел.

Една особеност претставува и презентирањето на странскиот пазар. За таа цел Ви се потребни повеќе отколку буквално преведени брошури. Навлегувањето на странскиот пазар може уште при првите чекори да доживее несакан пораз, доколку името на Вашата марка или производ, во кое што имате инвестирано и време и пари, предизвикува негативни асоцијации во целната земја. Ние Ви помагаме при јазичната анализа на тие имиња. Со тоа се заштитувате од возможни непријатни падови при Вашиот настап на новиот пазар. За Вас преведуваат исклучиво дипломирани матични говорници кои што се во жив контакт со конкретната култура. На тој начин и Вашите пораки ќе стигнат до целта.

Концентрирајте се на суштинските работи од Вашите планови. Ние ја преземаме задачата да бидеме Вашиот мост помеѓу јазиците.

Секако дека со сите Ваши налози се однесуваме строго доверливо.