Deutsch | Македонски

Преводи

Нашите клиенти ни доверуваат налози од следните стручни подрачја:

  • Правосудство
  • Автоиндустрија
  • Техника
  • Хемија
  • Документи
  • Електроника
  • Фармакологија
  • Информатика
  • Политика
  • Медицина
  • Маркетинг
  • Стопанство итн.


Документите чинат поле за себе. Овде спаѓаат документи за склучување брак, изводи, возачки, венчавки, разводи, дипломи, свидетелства итн.

Нашиот сервис:

  • Кратки времиња на испорака
  • Преводи на преку 100 јазика
  • Преку 70 преведувачи кои преведуваат исклучиво на својот мајчин јазик
  • Доверливо опходување со Вашите текстови


Нашите преведувачи се специјалисти во својата струка и преведуваат исклучиво на својот мајчин јазик. На тој начин се запазува квалитетот на готовиот производ – преводот, кој што ги поседува сите јазични нијанси на матичен говорник. Долгогодишното искуство на нашите преведувачи ја гарантира стручноста на употребуваната терминологија.

По потреба нашите овластени преведувачи и толкувачи ги заверуваат Вашите преводи.
Нашите услуги за Вас не почнуваат и не завршуваат со преведување на најразлични текстови. На приватни лица им помагаме на пр. и при кореспонденцијата со германските пензиски, социјални и осигурителни служби. Не чекајте предолго на Вашите заслужени пари, само затоа што не го разбирате јазикот! Ние Ви помагаме покрај во јазичниот дел и со совет и со упатување до вистинската служба.