Deutsch | Македонски

Вести и настани

Нова услуга за македонските фирми

Бирото Стојанов од 2009 година воведува нова услуга за македонски фирми кои што сакаат да ја оптимираат својата работа и кои што се стремат кон презентирање и позиционирање на своите услуги на германскиот пазар.

Германски експерти Ви го посредуваат потребното знаење преку семинари и работилници во однос на сите прашања и одлуки, кои што влијаат на Вашиот економски развој:

  • изработување анализа на финансиската ситуација на Вашата фирма со цел да добиете објективна слика – прв чекор во планирањето,
  • проверка и анализа на Вашата инвестициска намера,
  • информирање во врска со условите на германскиот пазар,
  • оптимално и лично придружување низ лавиринтите на германските официјални служби и банки,
  • креирање на најразлични, на Вас прилагодени модели за финансирање,
  • анализирање на чувствителните точки на Вашата фирма и конкретни препораки за нивно оптимирање. Клучниот збор е: делување!


Со нас добивате професионална подршка според германските стандарди на советување. Нашите препораки за развој на Вашата фирма Ви обезбедуваат добра позиција на секој пазар.

Искористете го Вашиот потенцијал!

Стапете со нас во контакт и информирајте се за можностите. Ќе се изненадите позитивно и од цените на нашите услуги.